Сета душа моја, чистите разжарени... Сета душа моја, чистите разжарени нежности, вкусени во младоста; секоја милина, и радоста, сите мои надежи застарени и прерано згинати, попарени, тагата вечна што нема да сврши што срце ми гмечи без да го скрши... сите тие на смртните суштества подарени. Душо, колку а само лажна, колку е само лажна љубовта твоја, и колку е тажна заблудата! | Tutta l'anima mia, tutte le pure Tutta l'anima mia, tutte le pure gioie godute nella giovinezza; ogni mia più soave tenerezza, tutte le mie speranze malsecure nelle loro precoci sepolture, l'eterna immensurabile tristezza che il mio cuore dissangua ma non spezza offerte alle mortali creature. Anima, come vano, come vano l'amor tuo, come triste il disinganno! |
Серџо Корацини (Sergio Corazzini, 1886 - 1907) припаѓа на поетите наречени „крепусколари“ (од "crepuscolo" - „залез“), кои на својата вокација на поети гледале како на тажна стапица којашто судбината им ја одредила. Немале никакви илузии во поглед на поезијата и на нејзиното влијание во општеството, биле отуѓени, изолирани, и со горчина ја третирале својата положба. Чести теми во нивните песни се болеста и неспособноста да се љуби, односно автентчно да се биде дел од животот.
Серџо Корацини (слично како и Гвидо Гоцано) уште од мал страдал од туберколоза. Неговата поезија, за разлика од онаа на Гоцано, ретко содржи иронија; наместо тоа, самооплакувањето создава патетичен тон кој не ја отсликува само личната болка на поетот, туку и неговата незавидна положба во општеството што френетично се менува.