Задушница О човеку во долината ранет, толку викаше по нас што паднаа три војници цели по тебе, човек без тело. Низ тиња и крв труп без нозе твојот плач што не гине, имај милост за нас живите да здивнеме овој час да мине, забрзај ја агонијата, ти можеш да најдеш крај, и нека ти биде утеха во болката што ти ја држи свеста, додека почива мигот сонот на мислите вратен, остави нè во тишина, фала ти, брате. | Viatico O ferito laggiù nel valloncello, tanto invocasti se tre compagni interi cadder per te che quasi più non eri. Tra melma e sangue tronco senza gambe e il tuo lamento ancora, pietà di noi rimasti a rantolarci e non ha fine l'ora, affretta l'agonia, tu puoi finire, e nel conforto ti sia nella demenza che non sa impazzire, mentre sosta il momento il sonno sul cervello, lasciaci in silenzio grazie, fratello. |
Клементе Ребора (Clemente Rebora, 1885 - 1957) е италијански поет чијашто поезија најчесто ја третира војната како тема. Неговите стихови за војната се далеку пожестоки и побрутални од оние на останатите негови современици.
Ребора почнал да студира медицина, но набрзо се одлучил за книжевност. Соработувал со важното книжевно списание „Глас“ (Voce) и работел како учител. Во текот на првата голема војна ќе доживее траума од експлозија на граната во негова непосредна близина. Ова ќе остави последици по неговото психичко здравје, но тој ќе продолжи да биде учител. Во 1928 ја чита Acta Martyrum, поради која станува посветен католик, а подоцна и свештеник.