Дејствието во расказите е на стероиди, а ликовите се пинбол кугли што без контрола се одбиваат една од друга и од хавариите околу себе. Јога-инструкторката е растурена од ракета, уметникот е издупчен со игли за плетење, зомбито го удира Голф, бизнисменот е забоден од харпун, музичарот - смачкан од плазма телевизор, старицата умира пеплосана од пламенофрлач... Расказите на Аманити откриваат безброј лица на смртта.
Се мешаат различни жанрови, комедијата и хоророт се потопени во тарантиновски „палп“, но највпечатливата одлика на стилот на Аманити тука најверојатно е експлозивниот хумор кој сосем спонтано извира од невозможните ситуации во кои несакајќи се вплеткуваат ликовите.
Плитки, расипани, вулгарни, очајни, антихероите на Николо Аманити најдобро ја искажуваат обичната, човечка потреба од живот во почиста форма.
Магор, Скопје, 2013 (326 стр.)
Ова е Железо, еден од расказите во книгата.
Следи корицата на италијанското издание на книгата и оригиналната верзија на „Железо“.