ТИШИНА - ЗОРА зборови на слобода
зора 4 часот Т ти Т т ти Е Бау боу Бау буф
КамбаннннннаааааААА ------
УЛИЦА БЕЛА фруфруфруфруууууу
од црни монахињи камбани паднати
НАПУШТЕНА
„Зборови на слобода“ ("parole in liberta") е типична творечка постапка за футуризмот, кадешто зборовните елементи хаотично се мешаат со графичките со намера да се дојде до поавтентично претставување на извесна слика. Зборовите се врзувани без логика, а често се користи и ономатопеја.
Футуристите оставиле најдлабока трага во ликовните уметности. Иако вратоломно се впуштале во ангажман во бројни уметности, па и во сфери од секојдневниот живот (има и футуристичка кујна), најценети се поради самиот пристап, т.е. бескомпромисното отфрлање на традицијата, во име на темелното „реновирање“ на културата.