Подоцна, на прашањето дали се смета за поет или за кантавтор, Де Андре одговара: „Според Бенедето Кроче, до осумнаесетата година поезија пишуваат сите. Откако ќе наполнат осумнаесет години, поезија продолжуваат да пишуваат само два типа луѓе: поети и кретени. Јас, за секој случај, претпочитам да се сметам за кантавтор“.
Гимназија „НОВА“, Скопје, 2005 Во 1958 година, на осумнаесетгодишна возраст, Фабрицио де Андре објавува синглица која подоцна ќе ја нарече „младешки грев“. Песок и свила е нешто слично: збирката песни е објавена во четврта година гимназија.

0 Comments
|