Жил Менар. Звучи како име на опскурен автор, чиј експериментален пристап кон книжевноста, „менаризам“, можел да стане светски тренд, доколку авторот не погинел под мистериозни околности. Во двобој гради во гради со конзервативен рецензент, кој наместо со меч или со пиштол, во клучниот момент смртоносно го ранил со недостаток од смисла за хумор. Или кој стра-ниците од своите книги, во ран пример за примена на VR во книжевноста, сакал да ги импрегнира со психотропна течност, што кај читателот би предизвикало халуцинации - физички реакции на текстот - но кој при експериментирањето со раз-личните хемикалии и самиот се затрул. Или може-би човек кој е здрав, жив и помеѓу нас, но за кој до сега не сме знаеле, или барем не со овој негов из/за/мислен идентитет. Од „Читанка“ на Букбокс. |
0 Comments
|
Бегемот, 2019 |