Во еден семинарски текст „За заминувањето“, пред шест години, беше спомната и една од кратките прози на Бранко Прља („Одење“, од збирката „Приказни обични за луѓе необични“, при што бегло беше забеле-жано дека „шрапнелите на Прља бргу и безмилосно се заденуваат во свеста на читателот.“
Читајќи ги денес повнимателно овие кратки прози, го преоткривам восхитот што тогаш го имав кон овој автор, но наидувам и на некои моменти за кои тогаш, едноставно, не сум бил дораснат. На пример, овојпат силно ме возбуди „Телефон“, од циклусот „Знаци во ретровизор“ од збирката „Чадор без рака да го држи“, во кој е опишана „суровата приказна“: „Таа се јави во моите мисли без предупредување, без да ми остави број, само како наговестување, а потоа ме обзема цел, без можност за повлекување. И ако не ѝ се предадам, мислам веќе нема да живеам, да, во мигов ќе исчезнам […]“ Ми се чини дека никогаш порано како оваа 2018 година не ме окупира толку често мислата за Живата Приказна, која повремено „ме обзема цел“, и на Која мора да Ѝ се препуштам, кога и да се јави. Оти ме проголтува, како китот Јона, и јас мора да Ѝ бидам достојно предан лик, да бидам целосно во Неа согласно Нејзиното „наговестување“, оти Таа може да биде и тиранин што ќе ме соџвака, свари и измет стори, и родилка што ќе ме исфрли на суво, облечен во свила, порфир и скерлет – во зависност од тоа како стојам со смирението.
Кратките прозни творби на Бранко Прља, во овие три книшки што нам тука ни се од интерес – „За секого по нешто, за некого ништо“ (Темплум 2003, Готен 2011), „Приказни обични за луѓе необични“ (Готен, 2012) и „Чадор без рака да го држи“ (Готен, 2013) – се „шрапнели“ затоа што се ситни, немирни, игриви, и усвитени од возбуда, огорченост, или – милина. Тие можат да бидат многу нешта, но, кога би требало да се најде еден израз што би опфатил најголем дел од нив, тоа би било – „ангажирана проза - дијагноза вешта (на нашето општество современо).“ Штом земе една од овие три книшки в рака, читателот станува крал, а кратките прози стануваат шут. И – кралот мал, а шутот крут. Крут шут и мал крал. Крутиот шут немирно скока околу малиот крал и му ги плеска в лице сите патологии на неговото кралство.
Кои се патологиите на нашето кралство? Шрапнелите на Прља укажуваат на отуѓеноста на современиот човек, и на неможноста тој да оствари автентична комуникација со другите жители во фрагментираното општество; пуздер ги прават потрошувачките навики на оние што смислата на денот ја наоѓаат само во можноста да трошат; вперуваат прст во хипнотизираноста на индивидуата и колективот пред економските и политичките центри на моќ; укажуваат на смртоносноста на рутината, на токсичноста на малограѓан-ството, на тагата од класната поделеност меѓу луѓето, поттикната од рекламите, брендовите и статус-симболите, на наметнатата тиранија на избирањето (принуденоста да се заземе страна, боја, идентитет по секоја цена)...
Прозите на Прља се аларм што во секој момент пишти – „Разбуди се!“ И, не може да се рече дека човек може еднаш да ги прочита, да рече – „океј, критикува конзумеристичко општество, фино“, и да ги остави, затоа што некои од кратките прози се деликатни до степен на лудило: во некои од нив нараторот е толку самосвесен што забележува дури и кога има сенка од осуда во неговата мисла, а во некои од нив покажува топлина и сочувство и кон други форми на живот – како да е веќе претесно човештвото за сета емпатија што се има на располагање...
...како на пример, во кратката проза „Еколошко“ од „Чадор без рака да го држи“:

„Треба да бидеме подобри, треба да бидеме подобри...“ – низ многу од кратките прози на Прља како да провејуваат овие стихови на Ацо Шопов. И навистина, Прља успева да пишува и за солидарност и за благодарност, притоа држејќи се далеку од секоја опасност од патетика. Во тоа, секако, многу му помага и тонот на најголем дел од прозите, кој е игрив, ироничен, натопен со сарказам, кој понекогаш се прелева и во тажен цинизам. Но, тука е секако и самоиронијата, која како противотров му се вбризгува на текстот на оние „ризични“ точки каде нараторот чувствува дека може да заглави во змијарникот на морализирањето: „...рече Нововремов и заблесна на тротоарот со светлина на илјада сонца“. (од „Просторија за деца“, од „Чадор без рака да го држи“)
Кратките прози на Прља се далеку од духовна литература, но понекогаш може да се сретнат проблесоци од типот на „Моето јас, јасно“ („Чадор...“) – каде нараторот првин грубо расчистува со своето его: „Не, тоа само ти смрди здив, од тебе труе самољубие, од вистината ниту капка за сувата душичка да се напие“, а на крај поентира со „Додека не научи да живее, нека пишува.“ Во оваа кратка проза доволно е две мали букви да се заменат со големи („Вистината“ и „Живее“), и се добива еден речиси религиозен текст.
И покрај тоа што почесто е склон кон осуда на тажните појави во општеството, Прља сепак наоѓа начин да се издигне над него, и да му оддаде почит на она што можеби и самиот него најдобро го опишува: бунтовниот, а сепак кроток дух на слободниот уметник во морето хипнотизирани конформисти. Тоа, ми се чини, е најочигледно во „Заминувања“ од „Чадор...“, кратка проза која многу наликува на меланхоличен „ремикс“ на култниот расказ „Црната овца“ од Аугусто Монтеросо:

Црната овца
Во една далечна земја, пред многу години си живееше една Црна Овца.
Беше застрелана.
Еден век подоцна, покајаното стадо ѝ подигна статуа на коњаник што многу убаво стоеше во паркот.
Така, оттогаш, кога и да се појавеа црни овци беа брзо ставани под нож, за да можат идните генерации обични овци да се занимаваат и со скулптура.
Имајќи ги предвид горенаведените одлики на овие кратки прози, нивната лапидарност, „игривиот“ тон, и пораките што ги испраќаат, човек не може да не помисли дека во некое (па и не толку) идеално општество – изборот од овие три збирки раскази, „Како да држиш чадор без рака“ (најпрво објавен на полски јазик, во 2016, од страна на Wydawnictwo Toczka, Kraków - „Jak trzymać parasol bez ręki“, а потоа објавен и од Готен, истата година) би требало да биде лектира за основно или за средно образование во нашата земја. И, независно од тоа што систематичното вклучување на современите македонски автори во списокот лектири е „долг и макотрпен процес“, секој наставник по македонски јазик може и сам да одлучи кои автори ќе ги вклучи во наставата, и токму во таа слободна волја на наставникот се полага надежта дека на учениците би можел да им биде овозможен и пристап до кратките прози на Прља.
* * *
Најпосле, фер е да се каже нешто и за авторот, но, има ли соодветно ненаметлив начин да се пишува за овој автор? Бранко Прља е графички дизајнер, се занимава со пишување проза, а исто така е и текстописец. Освен тоа, тој менаџира и две познати, активни филантропски фејсбук групи: една за подобрување на животната средина (Не фрлај, не загадувај!) и една за поттикнување меѓучовечка солидарност (Дај, не фрлај!). Сево ова, без ни малку претерување, ме потсетува на првиот есеј во неодамна објавената книга „Поетски (ре)визии“ од Владимир Мартиновски, со наслов „Античкиот идеал ’καλοκαγαθίᾱ‘ и ренесан-сниот идеал ’uomo universalis‘ (од Сапфо, преку Данте и Леонардо до Ацо Шопов)“. Конкретно, во овој текст Владимир помеѓу другото дава и свое толкување на извадок од 76-тото поглавје од Трактатот за сликарството, во кое „Леонардо експлицитно го нуди своето поимање на универзалноста, која се темели врз знаење:
Лесно е да стане универзален човекот кој располага со знаење, бидејќи сите копнени животни имаат слични делови на нивните тела, како што се мускулите, нервите и коските, а се разликуваат само во должината и големината, како што тоа ќе биде покажано во анатомијата.
(Леонардо 1990, 40)
Поинаку кажано, за Леонардо универзалноста е еден вид сознание за единството, сродноста и сличноста меѓу човекот и другите форми на постоење, сознание до кое може да се досегне преку уметничката интуиција и научната егзактност, кои, во неговиот случај, се проникнуваат во неразлачиво единство. Со други зборови, универзалноста на човекот неизоставно ги имплицира и односите со целиот универзум и со другите животни форми. Патем кажано, во дослух на тоа сознание, се чини, би можеле да го толкуваме и вегетаријанството на Леонардо, но и на Питагора.“
Не знам дали Прља е вегетаријанец, но погоре во овој текст беше спомната неговата свесност за „един-ството, сродноста и сличноста меѓу човекот и другите форми на постоење“. Што се однесува до „научната егзактност“, пак, многу добро е позната љубовта на Прља кон физиката и астрономијата.