Заљубив Заљубив литки зборови на кои никој не се накани. Ме освои римата губи љуби, најдревната најтешка на светот. Ја заљубив вистината што тлее на дното, како речиси заборавен сон, со болката што ја открива како своја. Со страв срцето ѝ се доближува, и не ја напушта веќе. Те љубам тебе што ме слушаш, и мојата добра карта оставена за крајот на мојата партија. | Amai Amai trite parole che non uno osava. M'incantò la rima fiore amore, la più antica difficile del mondo. Amai la verità che giace al fondo, quasi un sogno obliato, che il dolore riscopre amica. Con paura il cuore le si accosta, che più non l'abbandona. Amo te che mi ascolti e la mia buona carta lasciata al fine del mio gioco. |
Умберто Саба (Umberto Saba, 1883 - 1957) e поет чијашто поезија останува свежа и стотина години по нејзиното настанување. Саба се родил и најголемиот дел од животот го поминал во Трст. Имал еврејско потекло и затоа за време на војните морал да се бега во Париз, а потоа и во Фиренца, кадешто бил сокриван од колеги поети (Монтале и Унгарети). И тој, како и неговиот сограѓанин, прозаистот Итало Звево, бил влијаен од централноевропската култура (посебно од психоанализата, така актуелна во тоа време).
Саба, во својот есеј од 1911 година пишува дека она што им останува на поетите е „искрената поезија“, која ќе биде „добра како лебот и како виното“, за да може „секој да ја разбере“. За разлика од речиси сите други негови современици, тој не ја гледа поезијата како начин за да искаже отуѓување, туку како „добра карта“ со која човек може да си го побара своето место во играта на животот.