Книгата „Куфер за тројца“ на Ж. Грозданоски се состои од три новели: „Ќе те сакам засекогаш“, „Куфер за тројца“ и „За животот на едно дрво“. Со голема леснотија и многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата „сапунизација“ и тривијали-зација на секојдневието, вешто поигрувајќи си со конвенциите и општите места од она што е масовна и поп култура. Боејќи ги приказните со локален колорит, Грозданоски не ја штеди малограѓанштината, глупавоста и плашливоста на просечниот човек. Нарацијата која на моменти изгледа мрачна е разбиена со бројните младешки анегдоти и натопена е со емотивност која вешто се спасува од патетиката. Понекогаш раскажани со едноставен израз, а понекогаш со радикални постапки и техники (како новелата „За животот на едно дрво“ која има дури триесет различни нарато-ри), приказните на Живко Грозданоски имаат една заедничка карактеристика: секогаш ве тераат да ја свртите следната страница и да продолжите со читањето. |
0 Comments
Седмото поглавје од Ќе те сакам засекогаш, првата новела во Куфер за тројца. Едно поглавје од Куфер за тројца, втората новела во книгата Куфер за тројца. Едно поглавје од За животот на едно дрво, третиот дел од Куфер за тројца. |
|