1.
Две илјади и прва, прва година средно, седиме во интернатот Здравко Цветковски, со еден куп бегалци, и по пет души в соба. И во тоа време, како и во племенското доба, како и во туркото доба, и, како што е чест случај и во нашава пост-турскоропска Македонија, децата, како и возрасните, си се групираат во мали кланови, си „чуваат грб“, и така натаму.
Од нас петмина, имаше две деца од источна Македонија, сограѓани/соселани, што често си се повлекуваа и си бркаа своја работа. Третиот не памтам кој беше, ама се сеќавам дека четвртиот беше едно тивко детенце од Велес, кое обично си седеше настрана и си учеше... сѐ додека не почнаа оние двајца да го подбуцнуваат против мене (петтиот).
Под влијание на оние двајца, детенцето почна да го менува однесувањето, и, прво стана нетрпелив, па почна да провоцира и да се „закачка“, а една вечер веќе не ме оставаше на раат да лежам и да си ја читкам тетратката.
Муабетот ќе да беше отприлика овој:
- Валентин, што ти е бе? Седи си мирен.
Валентин изгледа не беше убеден, па си продолжи со своето. Ми ја грабна тетратката.
- Валентин, врати ми ја тетратката, што си бараш беља без потреба?
Валентин очигледно пак не беше убеден, и почна да се криви.
- Валентин, слушај, гледам дека овие двајца те вртат против мене. Немам ништо против тебе, мисли со своја глава, не потпаѓај под влијанија...
Валентин пак не беше убеден, и сега почна некако „срамежливо“ да се мава.
- Валентин, врати ми ја тетратката, да не слегувам (спиев на еден од креветите на кат).
Валентин сега почна дополнително да провоцира, по што јас слегов, тој ја фрли тетратката, јас малку му се приближив, тој ги крена тупаниците, јас божем замавнав со десната, тој тргна во таа насока, јас со левата го удрив среде лице, по носето...
Валентин се наведна и се фати за лицето. На ламинатот почна да капе крв. Јас стоев и ич не ми беше арно. Валентин го однесоа во бањите да се измие, а мене ми стана ептен мачно.
И кога после некој ќе ме прашаше „А бе, стварно си му го пукнал носот...“ мене тоа ме фаќаше неподготвен, а она што според погледот на другите требаше да ме прави горд, правеше да сакам да пропаднам од срам.
2.
Пред неколку недели бевме собрани десетина души, и разговаравме за земјотресите. Некој си генерал пошол во некоја си институција и побарал да влезе во некоја си канцеларија каде, согласно протоколите за тајност и безбедност, пристапот им бил одобрен исклучиво на лица со посебни овластувања. Генералот веројатно се враќал неколку пати: повеќето од вработените го пуштиле да си влезе „на часна реч“ и затоа што „па наши сме си“, на некои од нив им требало малку убедување (и меѓусебно), на некои можеби малку заплашување... Само еден од вработените не сакал никако да го остави да влезе.
- „Ама генерал сум.“
- „А бе и Господ биди ако сакаш.“
- „Ама ќе те казнам.“
- „А бе што сакаш прави, немаш овластување, не те пуштам.“
- „Ама ќе те избркам од работа.“
- „А бе ме заболе.“
Толпата се смееше на прикаската, а оној што ја раскажуваше, на крај, како шлаг на торта, со чудење и низ смеа додаде: „И тоа замисли, на крај и го наградиле?! Да, да, пошто не го пуштил генералот, му дале и бонус?!“ по што некој друг ја стави и црешната на шлагот - „А бе бегај, тој е скроз ненормален...“
Мене приказната ич не ми беше смешна. Ама затоа ми текна и на првата приказна за цимерот од прва година средно. И на тоа како, сред сеопштото мизерно фаќање сеир, од тоа дали размислуваш со своја глава некогаш зависи дали ќе добиеш скршен нос, или бонус.