Политиката е благородна активност. Политикантството (она што најчесто го живееме) е помија, „снаоѓање“, битка за личен интерес. Политиката е несебична, и се залага за доброто на пошироката заедница. Политикатството е себично и се врзува за личните интереси, за интересите на помали групи и глутници, со умилкување на поголеми економски и политички центри на моќ. Политиката е етика, издигната од ниво на единка на ниво на заедница. Политикантството е малограѓанство, издигнато од ниво на единка на ниво на група. Политиката дејствува во насока на разбирање и помирување. Политикант-ството дејствува во насока на осуда и раздор. Политиката се гради врз морални вертикали од почит, правичност, толеранција, разговор, демократичност, компромис... Политикантството не се гради: таму моралната вертикала е сведена на псевдо-морална точка, камуфлирана зад „вредности“, а всушност постојано подготвена опортунистички да се лансира во секоја насока што поседува и ветува моќ, често газејќи ги самите тие вредности. Политиката бара личен интегритет, мислење со сопствена глава. Полити-кантството бара послушност, или одобрување од групата. Политиката нуди свои идеи и вредности како камшик што ненасилно дисциплинира. Политикатството бара туѓ камшик за да биде дисциплинирано. Политиката, како и етиката, е неизбежна должност на секој човек. Политикатството е погубен компромис, кога „снаоѓањето“ се смета за најмудрата опција. Политиката е кондиција и пливање меѓу струите на моќта. Политикантството е балансирање и сурфање: избегнување, ловење и јавање на струите на моќта. Политиката е навидум тешка и опасна. Политикантството е навидум лесно и безопасно. Политиката е борба за живот: прво сечиј, а со тоа и свој. Политикантството е играчка: прво своја, а потоа ничија. Поли-тиката е бесценета. Политикантството го плаќаме сите, секој ден, сè поскапо и поскапо.
Се бара „деполитизација на општеството“. Но, оние што го бараат тоа се политиканти. Затоа што поли-тикантите не можат да опстојат онаму каде што постои политиката. Засебните интереси не можат да се протнуваат онаму кадешто се гласни заедничките интереси, меѓусебната поддршка и разбирање. Онаму каде што говори политиката, политикантите можат само да молчат. Политикантите бараат „деполитизаци-ја“ за да можат да ги играат своите игри на моќ и опортунистичко лансирање од една во друга насока без моралните вертикали на политиката да им го попречуваат патот. Политикантите се обидуваат да ги сведат политичарите на ниво на политиканти, затоа што само на своето ниво знаат и можат да „дискутираат“ со нив. Политичарите се обидуваат да ги издигнат политикантите од калта на политикантството, да го извадат политичкото во нив, оти само со тоа можат да дискутираат.
Добрите новинари се неизбежно и добри политичари. Новинарите политиканти не се ни новинари, туку се отров.
Грубо кажано, пратениците кај нас моментално се политиканти: без право на свое размислување, гласа-ат по претходен диктат од партијата и го снимаат прстот додека го притискаат копчето определено од партијата. „Репрезентативната“ парламентарна (пост-)демократија не репрезентира никого во парламентот.
Функционерите поставени од политичките партии во најдобар случај прават компромис помеѓу полити-кантството наметнато од партијата и личните политички (етички) принципи.
„Дневна политика“ е оксиморон. Не постои дневна политика. Постои само дневно политикантство кое се протега во недоглед, како синџир од мали алки кои, како што се надоврзуваат со секој нов ден, од едната страна, така се распаѓаат оние вчерашните, од другата. Политиката трае низ времето: се храни од минати примери и однапред се засидрува во иднината, како пример.
Се бара „деполитизација на општеството“. А неопходна ни е РЕполитизација на општеството. За да се избавиме од политикантството во кое нè вовлекуваат центрите на моќ и пред сè нашата лична заблуда, и суета. Потребна е политика, како противотров на политикантството. Потребна е политика, пред сè, на капиларно рамниште во заедницата: секој човек посебно – не „да одлучи“, затоа што тоа не е прашање на само една одлука, туку во секој следен миг, одново и одново да одлучува – да го поддржи политичарот, а не политикантот во себе. Грижата, алатките за критичко размислување и развивањето на свеста за политичките (VS политикантските) принципи би требало да бидат насочувани пред сè кон помладите генерации: постарите најчесто се комотно заглибани во политикантство.
„Не се замарам со политика.“ Токму затоа што ти не се замараш со политика, политикантството со задоволство се замара со тебе. Тоа е она што ни се случува: издресирани да ја гледаме политиката како нешто „валкано“, и самите во помал дел стануваме политиканти, „снаоѓачи“, а во поголем дел остануваме во немилост на туѓото политикантство и „снаоѓање“.
Луѓето не се „поделени“ на „политичари“ и „политиканти“. Во секој од нас, во поголема или во помала мера живеат обајцата: и политичарот и политикантот, а ние треба постојано да одлучуваме кого од нив двајца ќе го нахраниме. Кога нашата суета е голема, и најголемиот наш политикантски чин (ширење навреди, закани, раздор...) е само трошка во устата на политикантот во нас. Затоа тој е вечно гладен, а „снаоѓањето“ во играта се чини како вистинскиот пат. Од друга страна, пак, кога нашата суета е голема, и најмалиот наш политички чин (имање став, искажувањето и најмала поддршка на некој политички чин, солидарноста кон некој што е обесправен, или навреден...) е обилен оброк за политичарот во нас. Затоа политичарот во нас е (лажно) сит, а ние сме убедени дека сме го направиле нашиот дел од должноста да бидеме политички ангажирани.
Нашата суета е голема, и затоа сме земја на многу гладни политиканти и малку сити политичари.
Политикантите се гладни и кога се на власт, и кога се во опозиција. Политичарите се сити и кога се на власт, и кога се во опозиција.
Партизацијата често многу придонесува за политикантството. Но, партизацијата во никој случај не ја исклучува можноста за чисто политичко дејствување.
Во секого од нас живее и политичар и политикант. Но, нашата суета најчесто е толку голема што прегладнетиот, жилав политикант, кој гледа само за себе, сосем го потиснува и го умртвува згоениот, успиен политичар, кој би требало да се грижи за заедницата. Гладниот политикант, убеден дека ништо не го засега, затвора очи, се плаши, игнорира неправда, „се снаоѓа“... И на тој начин му ја затнува устата на политичарот, и го врзува во некој ќош од нашата само навидум чиста совест.
Политичарот се грижи за целата Планета. Политикантот, во суштина, не се грижи ни за самиот себе. Политикантски несовесниот човек го злоупотребува политички несвесниот. И тоа е она што ни се случува: ние сме заедница на политички несвесни личности (значи, политиканти и ние самите), во заложништво на политикантски несовесни „водачи“.
Политиката е лична самосвест во акција, обѕир кон заедницата. Затоа ни е неопходна РЕполитизација на општеството.

Фотографија од Дејан Колевски, од неговата изложба „Јапонија“ (2019)