1. Сфаќање на „шокантната“ реалност
Во неговата постојана битка со мракот околу него, човекот отсекогаш се трудел да најде објаснување за она што се случува, и така да најде мир и да воспостави макар привиден ред во својот живот: од првите цивилизации, кои своевремено немале допир со наука и технологија и сите случувања ги припишувале на натприродни сили, преку различните идеолошки системи и општествени уредувања, сè до денешното време на „пост-вистина“, каде вистината е јасна, но и главно небитна, затоа што нема речиси никакво влијание врз општествениот живот и врз насочувањето на работите на „подобро“[1].
[...]
Скалата подолу прави степенување на лицата и заедниците...
1. Пустиници.
2. Монаси.
3. Свештеници.
4. Длабоко религиозни лица.
5. Најверојатно вие и најголемиот број ваши пријатели.
6. Комшиката и поштарот.
7. Малограѓанство. Во две подгрупи
a. Малограѓанска маса.
b. Медиумски „гуруа“, ТВ и „естрадни“ личности и П.Р. експерти. Елитата од малограѓантвото.
8. Слободни криминалци.
9. Загрозени криминалци.
10. Осудени лица во бегство и затвореници.
* * *
Тука некој со право ќе забележи - „Ваквата поделба на заедниците е премногу наивна“...
[...]
Меинстрим (главен тек) е клучен израз во овој текст. [...]

[...] Со тоа, и главниот тек од појави и навики постепено се изместува, и сè повеќе ги одразува навиките и ги промовира вредностите... [...]
При овој начин на гледање на работите, власта има исклучително битна улога.
2. СВП, Дарко Лешоски, Иван Антоновски
Неодамнешните случувања поврзани со поставувањето на Дарко Лешоски за претседател на УО на СВП, придружено со последователните реакции на Иван Антоновски и многу други... [...]

Што се случуваше? Тука хронолошки се предадени најбитните податоци:
[...]
* * *
3. Нешто налик резиме
1. Во времето на пост-вистина...
[...]
7. При контакт... [...] ...културниот човек нема да искажува негативни емоции [...] ќе се труди да постапува сталожено и систематично, и, пред сè, со разбирање и верба [15].
* * *
Бонус за СВП: „Варварите“ на Алесандро Барико
Современиот италијански писател Алесандро Барико, кој е исклучително популарен кај нас, има напишано еден огромен есеј (книга) во кој сè позасиленото влијание на далечниот запад го споредува со „доаѓање на варварите “ и крај на европската цивилизација и нејзиното културно наследство. Според Барико, светот на „варварите“, помеѓу останатото, го одликува спектаклукот, и, она што е посебно интересно за авторот на овој текст - исчезнувањето на суштината.
Печеното пиле, списанието и хамбургерот
Колку што се сеќавам на „Варварите“ (ја читав книгата пред некои десетина години), Барико зборува за печеното пиле, списанието и хамбургерот, за тоа како станале примери за губење на суштината, односно за тоа како се измениле под наездата на шкргестите варвари.
1. Печеното пиле.
Ако појдеш во некои супермаркети во Америка, и порачаш печено пиле, ќе те прашаат: а, сакате пиле со вкус на рузмарин, со вкус на зеленчуци, или со вкус на зачини? Ти им велиш - не, сакам обично пиле. Продавачите велат: не може; одберете со вкус на рузмарин, со вкус на... Не. Сакам пиле со вкус на пиле. Е па нема, мора со додаток. Значи, нема пиле со вкус на пиле. Ја нема суштината. Суштината е на маргините. Додатокот го оправдува отсуството на суштината.
2. Списанието.
Во списанијата, суштината се текстовите, пренесувањето на инфомациите, културата, итн. Но, сè почесто, во современите списанија, за да се зголеми нивната привлечност и исплатливост (и читаност?), сè повеќе место зафаќаат рекламите. Реклами на цели страни. Освен тоа, се нудат купони, гратиси. Постери. Потоа брошури, каталози, и најразлични прилози. Потоа, се нудат и гратис подароци (се сеќавате веројатно на Џоја, и чешлите и ластичињата кои одеа со списанието). И, што се случува? Покрај сите додатоци, ние забораваме дека суштината на списанието, текстот, станал едвај изговор за на купчето хартија да му се даде назив списание. Повторно, суштината е на маргините. Ама, додатоците го оправдуваат отсуството на суштината.
3. Хамбургерот.
Што е суштината на хамбургерот? Плескавицата. Сте ја пробале ли плескавицата на МкДоналдс? Веројатно сте па пробале. Но, не ни знаете дека сте ја пробале. Затоа што тоа нешто нема вкус. Ја нема суштината. Она што им дава смисла на овие американски хамбургери се единствено додатоците: кога порачувате хамбургер од МкДоналдс, вие добивате лепчиња помеѓу кои се наоѓа таа бесвкусна смеса што се нарекува плескавица, и потоа: кашкавал, краставички, кечап, сенф, пржени компирчиња (њам), невидлив, јак засладувач, видлив газиран сок, а веројатно и играчка, или чаша, или некаков друг додаток. Уште еднаш, додатоците го оправдуваат отсуството на суштината.
СВП како хамбургер од МекДоналдс
Зошто СВП личи на амерички хамбургер?
[...]
Со надеж дека барем малку ќе ни се забави растењето на шкргите, еве како додаток на овој текст, една убава песна. Да ја одбележиме за крај и поезијата.
Фусноти: