Лица:
ЧОВЕК
БАБА
ВНУКА 1
ВНУКА 2
ВНУК
(16.05.2015 год., утро. Булевар Ѓорче Петров, Населба Ѓорче Петров, Скопје. Пред една бурекџилница поставени се неколку масички, секоја со по 3-4 столчиња. На една од масичките, седи еден Човек; пред себе има малечка пица со печурки и маслинки, порачана по грешка, и лименка Кока-кола. На соседната маса седат Баба, Внука 1, Внука 2 и Внук. Внуката 1 има околу четири години, кадрава руса косичка и наочари со дебели стакла. Внуката 2 има околу шест години, права црна коса. Внукот има околу две години. Внуките јадат молчејќи. Внукот не го држи место, и Бабата е зафатена со оневозможување на Внукот да се измолкне од столчето.)
ВНУКА 1: (Си јаде, и одеднаш ѝ текнува:) Јас ќе одам во затвор!
(Бабата го врти погледот кон Внуката 1, и во меѓувреме внимава Внукот да не се протне под потпирачот од столчето. Човекот останува со парчето пица пред устата, и исто го врти погледот кон Внуката 1.)
ВНУКА 2: (Малку подисплашена) Ама како така, во затвор? Па таму има само лоши луѓе. А ти си добра.
ВНУКА 1: Ама уште таму не сум била, сакам да видам како е!
(Бабата ги ококорува очите кон Внуката 1, која очигледно била секаде и сѐ видела, и сега не ѝ останало ништо друго освен - затвор.. Во тој момент, Внукот ѝ се измолкнува на Бабата, па таа станува и го фаќа за едната рака. Тој продолжува да ја тегне Бабата кон некоја беспрекорно непозната насока.)
ВНУКОТ: Пушти ме да поминам!
БАБАТА: (Уште позбунета) Каде да поминеш?!
ВНУКОТ: Пушти ме да поминам!
БАБАТА: Готово, ајде, си одиме дома.
(Бабата го зема Внукот и влегува во бурекџилницата, најверојатно да плати. Внуките стануваат од столчињата и ја следат Бабата. Човекот станува, си оди дома и пишува едночинка за влијанието на општествената клима врз здравиот развој на децата.)
КРАЈ