Пред некоја вечер, возејќи кон маалскиот супермаркет тука во Ѓорче, на пат кон Центар, забележав едно осум-деветгодишно девојче како седи на малечко столче зад еден пакет поставен помеѓу дворот од нејзина-та куќа и тротоарот. Пакетот многу личеше на импровизирана тезга, па затоа, тукушто се паркирав, излегов од колата и, сиот разгорен од љубопитност, тргнав пешки назад. Дваесетина чекори понатаму, демек ништо не забележувам, минав крај тезгата, но малото трговче не го испушти потенцијалниот потрошувач: „Пове-лете, повелете!“ Подзастанав, така изненаден, како што му доликува на случаен минувач. „Здраво! Што е ова?“ „Продаваме украсни камчиња.“ „Аха.“ Се загледувам повнимателно во стоката – на пакетот лежат неколку десетденарки, а до нив, едно до друго наредени се десетина белутрачиња, несмасно испочкртани со фломастери. „А колку чинат?“ „Десет денари едно.“ Добро. Земам едно в рака. „Така значи. Многу се убави.“ „Цел ден ги боевме.“ Хм. „А, какви камчиња се овие?“ „Ги собиравме во Охрид.“ Хм. „Ајде, ќе го купам ова“, велам, го покажувам розевото камче во раката, му давам на асистентот-продавач метална паричка и сите среќни се разделуваме. Јас зачекорувам назад кон супермаркетот. Таму продавачките не се толку весели, а парите не ги ставаат в џеб, туку во нечија туѓа каса.
Не е првпат да видам мали деца (и тоа секогаш девојчиња!), со сета своја детска наивност и слаткост, да се шеткаат вака со „тезги“ (обично плитки картонски кутии прицврстени во врвца околу вратот, како продавачите на хот-дог по стадионите за бејзбол). И, обично со радост сум учествувал во играта – треба, нели, да се поддржат децата во она што го прават, посебно ако тоа е некако поврзано со егистенцијални прашања, развивање осет за работа, штедење, вредност... Но, кога малку подобро ќе размислам, си велам – што е ова, всушност? Чија е оваа идеја? Мали деца да препродаваат ластичиња за коса и дилетантски обоени камчиња? Идејата е на децата, или на родителите? Што правиме ние? Ги дресираме децата од мали нозе „да се снаоѓаат“ во капиталистичко/консумеристичкото општество, во нивниот сегашен и вечен „природен хабитат“, во единствената средина во која ќе (сакаме да) живеат и да напредуваат? Дали е ова некоја западна „педагошка“ пракса, некритички ископирана и кај нас, така, во стил – „а зошто да не?“ На прв поглед е убаво, добро, чесно – работи за да заработиш, но: нели е и малку морничаво?
А, си велам, колку би било добро да им се поттикнуваат на децата сосем поинакви навики, нешто во име на заедницата, без личниот профит и далеку од гнасниот мирис на парите. На пример, она клише – да му помогнеш на старец со носење торба. Таа ситуација би била можеби сама по себе смешна за старото лице, но кај децата исто би било она „чувство за достигнување“, она “sense of accomplishment”.
Утрово, слушам од улицата детска викотница што ми звучи на „По-веееее-ле-те камчиња! По-веееее-ле-те камчиња! По-веееее-ле-те камчиња!...“ Изгледа ептен им тргнал бизнисот, си велам. Изгледа морале да го зголемат производството, а еве инвестираат и во реклама. Може вработиле и нови продавачки. Работат на процент. Може отвориле уште тезги. Може поставиле една и до онаа на стариот продавач на спанаќ, тука пред зграда... Си го замислувам јас така подемот на малата нео-нео-капиталистичка империја, па неусетно почнувам да си замислувам и како натегнувам некој црн чорап на главата, отворам две дупки за очите, им влетувам на децата со пластична сабја и им викам „Рацете горе!“ За секунда им ги собирам од тезгата сите исчкртани камчиња во црна кеса за ѓубре, и дим да ме нема со кесата преку рамо, баш како на цртан филм. Трауми? Секако. Но, тоа не е сè! За крај, си замислувам како следниот ден местам столче крај стариот продавач на спанаќ, а пред себе ставам пакет, ги редам таму обоените камчиња, и чекам да се појават довчерашните мали продавачи... Сакате да си играме капитализам? Добре дојдовте во вистинскиот живот.