Кога лошите луѓе чекорат по улица или низ плоштад, ги држат двете дланки на висина на колковите, свртени кон телото, а прстите се опуштени, односно благо подвиткани навнатре. Лошите луѓе преку оваа положба на индиректен начин имаат за цел да го прикријат фактот дека се носители на штетните појави и процеси во општеството.
Лошите луѓе се облекуваат и соблекуваат навидум како и сите останати. Не се лесни за препознавање, иако најмногу се разликуваат од другите по тоа што понекогаш клечат на колена со наведената глава и сакаат да си го измијат лицето со пепел.
Лошите луѓе се најопасни кога ви приоѓаат за да ве прашаат колку е часот, или каде се наоѓа нешто.
За среќа, лошите луѓе стануваат сè помалубројни. За несреќа, стануваат сè полоши.