Дедал и Икар беа затворени во лавиринтот, но нивните очи веднаш се привикнаа на мракот. Икар цело време смислуваше неверојатни планови за храбри бегства, но Дедал беше непоправливо сомничав и тврдоглаво повторуваше дека треба стрпливо да се бара излезот. Така, надежите за слобода предвреме згаснуваа, а таткото и синот остануваа да лутаат низ темницата, во мачна потрага по зрак светлина.
Многу години подоцна, Дедал почина во лавиринтот, стар и болен, а Икар, иако беше проживеал едвај половина век, беше исто така прекршен човек, превиткан од мракот, тишината и мувлата на ѕидовите од затворот што тој и татко му го изѕидаа. Можеби затоа решија да го исфрлат Икар од таму – знаеја дека тој е сенка од човек што веќе нема да сака да се сеќава на лавиринтот за да им го открие планот на другите.
Кога ја виде светлината, за прв пат по толку време, Икар заплака под небото. Се насели на брегот на морето и остана да живее сам таму. Неговиот живот беше завршен, но не сосем: кога и да го прашаа кој е, тој редовно, до последниот свој ден, им раскажуваше на луѓето дека е стариот Дедал, оној кој направил крила од восок, а потоа го загубил својот единствен син затоа што не успеал да го спречи да го допре Сонцето.