Темплум, Скопје, 2009
Отпечатоци врз коцки мраз е пишувана во текот на додипломските студии во Скопје. Станува збор за кратка медитативна проза, творена, меѓу останатото, под влијание на две книшки цртици: Конзервирани импресии од Г. Стефановски, и Цинк од Д. Албахари.
Некои од составите во книгата се однесуваат на конкретни случки, а некои се елаборирани размислувања, каде што мудрувањето најчесто е смирено од противотровот на (само)иронијата.
Некои од составите во книгата се однесуваат на конкретни случки, а некои се елаборирани размислувања, каде што мудрувањето најчесто е смирено од противотровот на (само)иронијата.